Популарната инфлуенсерка Агнеса Органџиева за естрадниот магазин “Бекстејџ“ брутално искрено одговараше на прашањата на новинарот, за тоа, што е за неа бон тон и како една дама треба да се однесува на вечера. По интервјуто Агнеса се најде на мета на жените кои буквално ја “исплукаа“  со коментари дека таа не е компентентна да им кажува дали  се дами или не. Да потсетиме, Агнеса во интервјуто кажа дека мрази кога жените  за време на  интимна вечера, чантите ги оставаат на маса( треба посебно столче за чантата), мрази кога жената пие пиво и е облечена во тренерки на гламурозен настан на пример. Потоа рече дека во Скопје би пиела само кафе со пријател,а се друго би правела надвор од Македонија и дека за неа вистински џентлмен е фраерот кој ќе и отвори врата од автомобилот и ќе и го намести столчето на кое таа ќе седи. Сетоа кажано беше доволна провокација на жените кои се пронајдоа во овие изјави на русокосата Агнеса и веднаш почнаа да ја напаѓаат со недолични коменатри кои ние нема да ги објавиме.