Светски познатата актерка Емилија Кларк (Emilia Clarke), која се прослави преку улогата Денерис Таргериен во американската серија Игра на тронови, кон крајот на 2019 може да ја гледаме во крајно поразлична улога.

Емилија Кларк овој пат не изненадува глумејќи ја Кејт во филмот Last Christmas, продуциран од филмското студио Universal Pictures. Оваа романтична комедија е режирана од  Paul Feig, а сценариото е на  Bryony Kimmings и Emma Thompson.

Погледнете го трејлерот, а филмот топло го препорачуваме за сите оние кои уживаат во роматични комедии.