Веќе некое време во Холивуд се збори за новиот љубовен пар а пред два дена повторно беа фатени од страна на папараци.

Познатата глумица Анџелина Џоли (46) и познатиот рапер Д Викенд (31) кој е помлад од неа 15 години беа фатени како излегуваат од познат италијански ресторант.
Тие заедно поминале 2 ипол часа во ресторантот „Giorgio Baldi“ кој се наоѓа во популарниот дел од Лос Анџелес. На излегување Анџелина влегла во автомобилот на Д Викенд и заедно се упатиле кон неговата вила во Бел-Ер која кошта неверојатни 70 милиони долари.