Во ароматерапијата се користат етерични растителни масла за се забрза олабавувањето и смирувањето на симптомите кај одредени здравствени потешкотии. Етеричните масла се силно концентрирани мирисни екстакти добиени по пат на мацерација(парење) од цвеќиња, лисја или корење.

Маслата можат да се нанесат со масажа претходно разредени со вода или да се користат како облоги, да се додаваат во бањи или да се распрскаат во воздухот за да се вдишуваат. Етеричните масла не треба никогаш да се голтаат.

Масло од лаванда, е добро познато и најчесто користено за време на ароматерапијата. Наградени и признати се неговите смирувачки својства кои го опуштаат телото и умот, дури ја намалуваат и анксиозноста.

Маслото од лаванда може да се користи за масажа за опушатње на мускулите, може да се вдишува пареата од маслото од лаванда разредено во врела вода за смирување на нервниот систем и телесната мускулатура. Помага при несоница и ја зголемува меморијата.

Масло од цимет, се користи во ароматерапијата за подобрување на циркулацијата, го намалува стресот и телесната болка, ги намалува инфекциите и ја подобрува дигестијата.

На кожа се нанесува само разредено со други масла како што е слаткиот бадем или авокадо. Дополнително во бањи можат да се користат неколку капки од ова масло разредено со вода или да да се вдишува преку керамички или било каков друг дифузер за етерични масла.