Банког, главниот град на Тајланд се смета за еден од најдинамичните градови во Југоисточна Азија. Туризмот е најзначителниот фактор за развојот на економијата. Од почетокот на 2019 до сега го имаат посетено 22.78 милиони интернационални туристи.
Банког веќе четврта година по ред е на водечка позиција како град со најголема посетеност. Доколку не сте конвенционален турист кој трага по знаменитости, тогаш Банког е идеалното место за вас. Тоа е град кој сам по себе е атрактивен и му овозможува уживање на секој турист во локалниот начин на живеење.
Она што не треба да го пропуштите е :
1.Кралската палата( Grande Palace или Royal Palace)
2. Wat Pho- будистички храм и школо за масажа
3. Пливачкиот пазар
4.China town-кулинарниот фестивал, доколку обожавате шопинг и сувенири
5. Тајландските специјалитети
Ова се само неколку предлози кои вреди да се проверат, а листата на интересни и возбудиви места во Банког е долга. Според рејтингот на посетеност ова е град кој засекогаш ќе остане во вашето сеќавање и град кој ќе сакате да го посетите пак.
Следетене на