Безжичната технологиоја опишува електронски уреди што комуницираат без кабли со помош на радио фрекфентни сигнали. Безжичната технологија се користи во различни современи уреди за да се обезбеди практичност и поголема мобилност, а безичните уреди играат важна улога во говорните и Интернет комуникациите.

Денес нам ни се познати голем број на безжични уреди почнувајќи од мобилните телефони или во денес најкористените „смартфони“ кои ги користиме секојдневно потоа безжични WIFI руитери кои се појавуваат скоро во секој дом па се до тастатури, глувчиња и друга мрежна технологија. Покрај споменатите “wireless” уреди постојат и други безжични технологии кои ги среќаваме околу нас секојдневно како Bluetoot, инфра-црвени зраци и друго.

Кога зборуваме за безжичните мрежи често пати се поставува прашањето дали овие мрежи се штетни какво влијание имаат кон здравјето на луѓето, животните па и целата животна средина. Постојат голем број на научни трудови и истражувања кои укажуваат за штетноста од овие мрежи односно штетноста од зражењето кои го емитуваат овие уреди, но исто така постојат и други истражувања кои се спротивни и велат дека опасноста од зрачењето е минимална и дека воопшто не треба да се грижиме за евентуални последици по здравјето и околината. Денес жешка тема е и појавата на новата 5G мобилна мрежа за која многу мислат дека е многу по опасна од досегашната 4G и дека последиците по здравјето би биле големи. За таа цел спроведовме мала анкета во која побаравме мислење од испитаниците за тоа дали користат безжични уреди, како влијаат на нивното здравје и се разбира дали се запознаени со 5G мрежата.

 

Најголем дел од испитаниците се младите од 19-25 години потоа оние од 26-50 години претежно овие старосни категории се општо запознаени со денешните технологии и се нивни корисници.

Резултатите од анкеата покажуваат:

Повеќе од половина од испитаниците мислат дека безжичните мрежи не се штетни по здравјето на луѓето, но многумина исто така го сметаат спротивното

 

78% од испитаниците одговорија дека се запознаени со новата 5G технологија

Во врска со штетноста на 5G мрежата испитаниците со поделени мислења некои тврдат дека е исто како досегашните 3 и 4G , други се строго против и тврдат дека новата мрежа има поголемо зрачење и со тоа е многу по штетна од претхнодите генерации на мрежни уреди.