Поп-ѕвездата Били Ајлиш ја сними насловната песна за филмот на Џејмс Бонд, насловена како “No Time To Die “. На само 18 години, американската изведувачка стана најмладиот уметник во историјата на филмската музика што има напишано и снимано Бонд тема. Таа го опиша како „огромна чест“ да се вклучи во Џејмс Бонд франшизата.

Освен наведениот успех, Били Ајлиш оваа година ги освои најпрестижни Греми награди, односно 5 награди на 62-рото издание на Греми наградите. Били  Ајлиш е најмладиот уметник шт има освоено 4 награди во главни категории. Таа освои награда за Песната на годината, Албум на годината, Најдобар нов уметник, како и награда за  Најдобар поп вокал албум.

(AP Photo/Chris Pizzello)