Милијардерот Бил Гејтс наведува дека ги откажал „повеќето“ планови за одмор поради омикронската варијанта.

– Токму кога се чинеше дека животот ќе се врати во нормала, можевме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата – напиша Гејтс на Твитер.

– Моите блиски пријатели се заразени со варијантата омикрон. Затоа ги откажав повеќето новогодишни планови.

Милијардерот верува дека сегашниот бран на пандемијата ќе биде завршен до март следната година, бидејќи новиот вид коронавирус се шири толку брзо. Кога омикронот ќе помине низ населението, ќе имаме можност да се опоравиме од зимскиот бран.

„Тие неколку месеци би можеле да бидат лоши, но сепак верувам дека ако ги преземеме вистинските чекори, пандемијата би можела да заврши во 2022 година“, рече Гејтс.
Гејтс верува дека омикронската варијанта наскоро „ќе биде претставена во секоја земја во светот“ доколку продолжи да се шири со ова темпо. Во моментов, 73% од сите пациенти во САД се заразени со оваа варијанта на вирусот.