Познатата фигура од митологијата на кинеската агрикултура и медицина- императорот Шенонг (Shennong) 2737 год.П.Н.Е., се смета дека ја открил примената и својствата на зелениот чај, кога ливчиња од чајното дрво случајно паднале во неговата чаша полна со врела вода.

Некои од културолошките историчари тврдат дека потеклото на зелениот чај е од пред 3000 години, во време кога листовите на зелениот чај се користеле за рекреација и истите се џвакале и јаделе од населението на југоисточна Азија ,а многу подоцна почнале да ги процесираат во врела вода.

За време на владеењето на династијата Танг -V век  ширум Кина се користи чајниот напиток на сите социјални настани. Од тогаш продолжува примената на зелениот чај и многумина ги почитуваат неговите полезни својства.

Зелениот чај се смета за најдобар напиток после водата. Содржи антоксиданси кои помагаат и имаат енормни здравствени бенефити при борба со кардиоваскуларни и неуродегенеративни болести, дијабетис, кожни пореметувања, болести на црниот дроб дури и рак.

Но, за правилно искористување на предностите на зелениот чај, треба правилна подготовка на чајот. Доколку не се приготвува правилно не би можеле да се внесат неговите полезни својства и да се постигне ефектот кој ни е потребен.

Прочитајте на кој начин да приготвите зелен чај за да уживате во благодетите на истиот.

Што ви е потребно доколку приготвувате зелен чај од ливчиња:

  • ливчиња од зелен чај (1 лажичка за 1 шоља)
  • цедилка за чај
  • шоља за чај
  • чаша вода
  • сад во кој ќе стоплите вода
  1. Ливчињата од зелен чај ставете ги во цедилка, доколку приготвувате за едно лице ставате 1 лажичка од ливчињата.
  2.  Го земате садот за вода, ја загревате, но треба да внимавате да не постигне точка на вриење, односно 100 степени Ц. Најдобро е да биде на температура од 80-85 степени Ц. Ова е идеалната температура за зелениот чај. Доколку не успеете да ја тргнете водата навреме и започне да врие, тргнете го садот и нека отстои 1мин за да се намали температурата на водата.
  3.  Цедилката со ливчињата ставете ја врз шољата за чај.
  4. Врз цедилката исурете ја топлата вода и после 3 минути може да ја тргнете. Доколку сакате чајот да биде поконцентриран може да оставите повеќе време да седи цедилката со ливчињата.
  5. Уживајте! 🙂