Вчеравечер се појави фотографија на социјалните мрежи која се прошири и стана хит за брзо време.

На фотографијата можеме да забележиме дека се работи за роденденска прослава на некој од притворените кои се наоѓаат во затворот во Идризово.

Она што највеќе падна во очите на јавноста е тоа што на фотографијата присутен е и познатиот Бојан Јовановси (БОКИ 13) кој е облечен во брендирана облека односно дуксер на брендот Баленциага.

Нашиот тим истражуваше колку чини дуксерот кој го носи познатиот Боки 13 па дојдовме до знаење дека цената е 895 амерички долари.