Младиот кларинетист Бурхан Буки Јашари( 20) е дел  од бендот „ МиКаса“. Неговиот талент го препознале многумина од музичките кругови.Ова скромно момче, ја засакало музиката уште од најраното детство.

-Кога наполнив осум години,татко ми ми го купи првиот кларинет.Тоа беше љубов на прв поглед.Го засакав  од срце и така почна се. Вежбав и по 6 часа дневно.Неговите звуци се мојата душа.И кога сум тажен и кога сум среќен,раскажува Буки.

Љубовта кон кларинетот го носи на Музичката Академија каде е трета година  во одделот музичар- изведувач. Негов идол,како што вели е светски познатиот кларинетист Хусну Селнедириџи од Турција, земја каде што Буки ја добива специјалната награда за најдобар кларинетист,  каде учество земаат 250 музичари од целиот свет.

Моравме да го прашаме колкав е бакшижот кој досега го има земено.

-22.400н евра кои веднаш ги поделив со пријателите,како од пушка ни одговори ова скромно момче за кое светот допрва ќе слушне.

Звуците на неговиот кларинет кои ке ве расплацат и на моменти ке ве направат среќни, може да ги слушнете во стек хаоус МиКаса горе на Кале, каде Буки во живо настапува со својот бенд. Верувајте никој нема да остане рамнодушен на неговите свирки,ама баш никој.