Познатиот фитнес тренер Крис Хеира, на Youtube објави тренинг вежби од категоријата „Bodyweight“ , кои помагаат за елиминирање на масните наслаги. Многу луѓе сметаат дека не е добро да се вежба во вечерните часови. Точно е дека пред спиење не е добро да се претерано уморувате и да правите тешки физички тренинзи, меѓутоа постојат вежби кои се одлични за овој период во денот, особено ако сакате да изгубите некој килограм и да ги согорите маснотиите на телото. Оваа техника и категорија на вежби ја вклучуваат само Вашата телесна тежина и не бараат никаква тренинг опрема. Вежбите се лесни и доволно го оптеретуваат телото, го стимулираат метаболизмот да подобро ги согори маснотиите. Погледнете го видеото: