Божиќната реклама во Норвешка, на која се гледа како Дедо Мраз како емотивен партнер има маж, предизвика различни реакции, меѓу кои и бројни пофалби.

Поштенската служба „Постен“ снимила реклама на која се гледа романтична врска која се развива меѓу двајца мажи.

Рекламата е реализирана по повод 50-годишнината од декриминализацијата на хомосексуалноста во Норвешка.

Со наслов „Кога Хари го запозна Дедо Мраз“ – што е своевидна референца за филмот „Кога Хари ја запозна Сали“ од 1989 година – рекламата ја прикажува првата средба на парот, а тоа се случи кога Хари го виде Дедо Мраз додека им доставува подароци.

Двајцата мажи се гледаат, пред Дедо Мраз да исчезне во оџакот.

Рекламата понатаму ги прикажува состаноците на двојката и потоа како Дедо Мраз пристигнува во домот на Хари за да достави подароци.

Хари е прикажан како внимателно ја избира облеката и се прска со лосион за после бричење.

Се гледа дека парот секоја година се зближува за време на празничната средба, а во еден момент по заминувањето на Дедо Мраз, Хари му рекол: „Ќе ми недостигаш“.

На крајот, тој е прикажан како му пишува писмо на Дедо Мраз: „Се што сакам за Божиќ си ти“.

Дедо Мраз се појавува во неговата дневна соба и му вели: „Па, договорив оваа година… за да бидам со тебе.“ Следуваше бакнеж.

Во текстот на огласот се вели: „Во 2022 година Норвешка одбележува 50 години да можеме да сакаме кога сакаме. Среќен Божиќ и Нова Година, од сите нас, на сите нас!“

„Во минатогодишната рекламна кампања Дедо Мраз беше лут на Норвешката пошта која му ја одзема „работата“ – оваа година Дедо Мраз е среќен што Норвешката пошта може малку да го олесни, за да биде со тој што го љуби“, соопшти маркетингот на Пошта.

Во прилог погледнете ја рекламата