Што е заедничко време поминато со семејството? Краткиот анимиран филм на Chick-fil-A, насловен како ,,The Time Shop“, навистина ќе Ви го стопли срцето и ќе Ве потсети дека семејството е најважно. Во само две минути, ова видео го дава одговорот зошто празниците се најубавиот период во годината и ќе Ве научи дека семејството е најголемиот преоритет над сите останати.

Едно девојче се обидува и не успеа да го натера семејството да направат снешко. Таа го открива волшебното место наречено Time Shop, каде што учи за „изгубено време“, „време кое лета“… и „заедничко време“. Заедничкото време е најубаво, затоа што тоа е времето кога се градат спомени.

Таа учи дека „заедничко време“ е оној вид на време што може да го споделите со луѓето околу Вас.

Ова видео ја претставува празничната кампања на Chick-fil-A, која се состои од подарување на празнични картички. Преку web страната www.chick-fil-a.com/timeshop , секој може да испрати картичка на најблиските, што е всушност ,,писмена обврска“ да поминат заедничко време. Картиките се бесплатни, а издвојувањето на дел од Вашето време за најблиските е срцето на оваа кампања.

Погледнете го видеото: