Голем број на луѓе одбиваат да го пробаат скијањето, затоа што го сметаат за екстремен спорт, спорт кој бара голема физичка спремност. Но, ова тврдење и не е целосно точно. Доколку сакате да го усовршите скијањето и станете вистински професионалец, тогаш сигурно ќе Ви требаат години напорен тренинг. Доколку сакате само да уживате во убавините на зимата и планинските предели, да се радувате на снежната бајковитост, скијањето може да биде лесно и пријатно искуство. Единствено што Ви треба е да научите да се спушите лесно и без паѓање низ ниски планински падини. Тоа можете да го направите доколку имате силна желба и со 3,4 дена упорност.

man ice skiing on hill

Почетничкиот стил скијање се вика ,,плуг“ и се заснова на принципите на ширење и собирање на скиите. Техниката и физиката на скијање е лесна, колку повеќе скиите го следат правецот на падините тогаш повеќе се убрзуваат. Плуг техниката Ве учи на едноставни начини на кочење, убрзување, скренување, без многу технички движења и без некој голем физички напор.

Скиите се шират кај краевите, додека кон врвот се собираат. На тој начин ја намалувате брзината. Кога сакате да се забрзате, еднставно скиите исправете ги во паралелна положба. Кога сакате да свртите, тогаш направете плуг положба, односно раширете го задниот дел на скиите, па Вашата целосна тежина пренесете ја на ногата која е спротивна од правецот на свртување. Доколку сакате да сврите лево, тежината пренесете ја на десната нога.

person snowboarding

Можеби ова кратко објаснување, Ви се чини комплицирано, а може и ќе Ви биде во почетокот, но бидете упорни, за 3,4 дена со леснотија ќе се спуштате низ снежните планински падини. Погледнете го видеото во продолжение, па оваа ,,плуг“ техника ќе Ви стане уште појасна.