Тимот на стек хаус “Микаса“ вчера во “Дион“ направија спектакуларна предновогодишна забава за своите вработени. За забавата беа задолжени легендарниот Џони Лајф и “ Микаса бенд“ кои не ги оставија гостите да здивнат. Се играше и пееше до полноќ.Во Дион ечеше “Чае шукарије” на музичката икона Есма Реџепова, а ориенталниот мелос на “ Микаса бенд“ никого не остави рамнодушен. “Микаса“ се потрудија на своите вработени да им приредат незаборавно испраќање на годината, а воедно е и една година од нивното постоење. Нека е среќно.