Костумот е безвременско парче гардероба кое секој маж мора да го поседува во својот плакар. Костумот може да Ве наполни со самодоверба и да направи да изгледате навистина убаво и елегантно.
Иако многу мажи не го негуваат овој стил на облекување, сепак барем еднаш во животот се наоѓаат во ситуација кога мора да облечат костум. Оваа статија ја објавивме за да Ви потенцираме 9 многу важни правила до кои треба да се придржувате кога носите костум.
1. Долното копче од Вашето сако секогаш носете го откопчано.
Кога носите сако со две копчиња, секогаш долното копче оставете го раскопчано. Ова ви дава подобра силуета и не ги ограничува Вашите движења. Кога носите сако со три копчиња, првите две оставете ги раскопчани.
2. Внимавајте на големината
Кога носите костум прво правило е да Ви биде точен. Обрнете внимание на рамената, височината на струкот, должината и ширината на панталоните.
3. Внимавајте со комбинациите
Едноставни правила, на кои многу момци ,,паѓаат“. Доколку носите кафеави чевли, комбинирајте ги со кафеав ремен. Не мора да губите време и да ја барате перфектно истата нијанса, но мора да се потрудите да избегнете комбинација на кафеав ремен и црни чевли.
4. Пред да седнете, раскопчајте го костумот.
5. Ракавите на сакото нека Ви бидат барем малку пократки од кошулата.
Овој мал детал дава многу поубава е поелегантна слика. Кога ќе ја спуштите дланката, Вашиот ракав на сакото треба да завршува на зглобот, а не преку раката.
6. Купивте нов костум? Не заборавајте да ги остраните шевовите на отворите.
7. Не ставајте ништо во предните џебови на панталоните.
Оваа грешка ја прават многу мажи, па даваат негативна слика на целиот аутфит. Доколку носите панталони кои се тесни, не го ставајте телефонот, клучевите и други лични работи во предните џебови. Чувајте ги во внатрешните џебови на сакото.
8. Потрудете се Вашите чевли да бидат убаво исчистени и исполирани.
9. Не претерувајте со акцесоарите
Кога носите костум немате потреба за многу акцесоари. Доволен е елегантен часовник, вратоврска или машна. Доколку ставите часовник, џебен часовник, шал, вратоврска или машна, шнола на вратоврската, верувајте сте претерале.
Следетене на