Вчерашниот пад на социалните мрежи Facebook и Instagram ги загрижи корисниците на овие платформи а највеќе ги погоди инфлуенсерите односно оние кои единствено заработуваат само од овие платформи.
Познатата наша супер ѕвезда Лила Филиповска покрај години наназад е тв водителка а исто така важи и за број еден инфлуенсер во Македонија во 2019 година кога беше прогласена за инфлуенсер на годината меѓу другото изјави и дека „животот не е инстаграм“ и додаде:
„Ова почнав да го правам од хоби. Јас не сум виновна што социјалните мрежи одат толку напред. Младите во денешно време на Инстаграм објавуваат и што треба и што не треба. Затоа, ние постарите сме тука да ги подучиме. Јас сум водителка веќе 20 години. И кога ќе го нема Инстаграмот, јас пак ќе бидам водителка. Затоа е важно да имате професија“, рече Лила пред присутните на забавата.