Популарната група ‘Микаса бенд“ во сабота на пладне ќе одржи двочасовна свирка во живо во елитниот стек хаус “Микаса“ на Кале. Сите љубители на ориенталниот звук  во 14 часот ќе може да уживаат во нивната музика, како и во во топлата есенска атмосфера. Вo недела ќе настапува ЕленаЧадиковска со бендот „Just the three of us“. Свирките стартуваат во 14 часот, скопјани ова не го пропуштајте.