Во реалност не можете да излезете на прошетка, а патувањето веќе е незамисливо? Обидете се витруелно, сега имате дволно време за да ги прошетате најубавите места во светот. Можеби и овој начин ќе Ви се допадне. Ако не друго барем ќе се опуштите и ќе го исполните слободното време. Не ги избравме следниве места. Искористете го Google Street View и Google Earth View на најдобриот можен начин.

Гранд кањон 

aerial photograph of mountain ranges

Природно ремек-дело што искрено ви посакуваме да го видите во живо некој ден. Стрмни карпи од десетици слоеви, стари скоро колку и светот. Некои од субјектите се стари околу две милијарди години. Прошетајте низ Гранд Кањонот запознајте ги високите и стрмни карпи и следете го текот на реката Колорадо. Ужвајте во природната убавина.

Еверест, Непал

mountain cover with snow

Искачете ги највисоките врвови во светот и уживајте во снежната покривка. Сега е шансата! Неверојатно убави снежни врвови и поглед кон разнобојни знамиња од земјите што го освоија.

Северните светла

green and pink light in the sky

Една од најубавите природни појави, предизвикана од интеракцијата помеѓу магнетното поле на Земјата и наелектризираните честички на сонцето.  На страницата Lights over Lapland, можете да имате одлично патување и да ја видите оваа прекрасната глетка и прекрасните природни бои на небото.

Националниот парк Zhangjiajie, Кина

Zhangjiajie Mountains, China

Величествени карпи со уникатна форма, совршени уредени од самата природа. Пријатни убави зелени растенија се сместени на карпите. Ве охрабруваме да барате видео турнеја со оваа неверојатна убавина.

Патот на великаните, Северна Ирска

Пътят на великаните

Овој фантастичен дел од крајбрежјето на Антим Атлантик е составен од над 40.000 геометриски колони на базалт. Повеќето од нив се хексагонални и изгледаат како скоро совршено уреден мозаик. Постојат многу легенди за создавање на ова зачудувачко место, а една од нив е дека тие се остатоци од еден гигантски, стрмен пат кон Шкотска. Вреди да се прошетаме!

Вулкан Амбрим, Вануату

lav

Еден од најопасните активни вулкани во светот што можете безбедно да го видите дома. Постојат и документарци од голем број на истражувачи кои снимиле уникатни снимки. Амбрим е еден од најмоќните вулкани што исфрлаат погубна лава до ден-денес.

Пустината Намиб, Намибија

desert under clear blue sky during daytime

Оваа пустина е чудесна – топло сонце, мазни песоци… Песокот е светло портокал со розов сјај и е токму она што ви треба кога сте затворени дома – егзотичен топол поглед.