За да се стоплите во есенските денови ви предлагаме топла и превкусна супа од тикви.

Што ви е потребно:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 главици кромид-ситно исецкани
  • 1кг. тиква (може и пире од тиква)-излупена, исчистена од семки и исечена на парчиња
  • 700 мил. растворена коцка за супа од зеленчук или пилешка
  • 150 гр. густа павлака

Начин на приготвување:

  1. Ставете ги 2те лаж. маслиново масло во поголем сад и стоплете. Додајте го ситно исецканиот кромид и пржете додека не омекне (околку 5 минути, пред да промени боја).
  2. Додајте 1кг тиква(или пире од тиква) во садот и поченете да мешате со другите состојки додека да омекне тиквата и  нејзината боја стане златеста. Гответе од 8- 10 минути.
  3. Додајте ја растворената коцка од зеленчук или пилешко во садот и зачинете со сол и црн бибер. Оставете да проврие, а потоа да динста околу 10тина минути, за да стане мека и кашеста тиквата.
  4. Додајте 150 гр.  густа павлака оставете да се вари уште неколку минути. Потоа со рачен или обичен блендер изблендирајте си сите состојки за да се добие мазна и свиленкаста текстура.
  5. Пробајте ја супата, доколку ви се допаѓа како е зачинета сервирајте во длабока чинија со топол зачинет леб и посолете со семиња или црн бибер.