Младиот и талентиран поп пејaч Филип Пешевски во клубот “ Станица 26“ ја промовираше новата песна “ Ти ми стоиш најдобро“. Промоцијата не беше класична, туку баш напротив изгледаше како промоција на светските музички звезди. Филип на сцената блесна во  црно-бела варијанта, а  го придружуваше оркестарот “ Баги биг бенд’ и диџеј Сењорита и тоа во живо. Присутните гости можеа да уживаат во звуците на новата песна на Филип, кој како што и самиот рече проектот го снимал една година. На промоцијата имаше многу звучни имиња од естрадата,како Антонија Гиговска, Влатко Лозановски, Тв лица од малите екрани, како Стефан Лазаров, новинари и блиски пријатели на поп пејачот. На крајот на промоцијата Филип им се заблагодари на неговите генерални спонзори “ Фламинго казино Скопје“.

Фотограф: Лука Тасев