Неговото име е Трајче Мантев од Кавадарци.Има 26 години, а веќе десет години активно се занимава со фитнес и боди билдинг. Работи како обезбедување,а во слободно време е инструктор во теретана.

-Вежбам секој ден по околу еден ипол час,освен во недела. Се хранам 4-5 пати дневно.Тоа најчесто е стек,риба и ориз. Внесувам околу  700 грама месо дневно,што е доволно да ја одржувам оваа форма“, вели Мантев.