Тв ѕвездата Лила Филиповска вчера во елитниот ресторан “Дион“ славеше јубилеен роденден. Дамата не се прашува за годините, но Лила како и да е, не старее. Одбраните гости, блиски пријатели и соработници на Лила ги забавуваше легендарниот Џони Лајф со кој таа запеа два дуета,а  спектакуларен беше нивниот настап за евергринот “Лопов,лопова“ на Ален Исламовиќ и Индира Радиќ. Лила во тесен црн фустан и залижана коса,изгледаше авион.Видно расположена таа цела вечер играше и пееше. Тука беа син и Филип со девојката, екс водителот Дамјан Дренковски, Рола до Бола од временската прогноза на Тв Сител, новинсрскта ѕвезда Зоки Фаци, уредничката на “Вечер“ Ивона Талевска, манекенката Маја Глигоровска, сопствениците на “ Микаса“ Елма и Ферки, Габриел Бајрам, дизајнерката Лидија Перлчинкова, стилистот Владимир Трајковси и многу други.