Екс мис на Македонија Маја Глигоровска вчера во ресторанот “Equilibrium” направи спектакуларна роденденска журка по повод нејзиниот 40-ти роденден. На забавата присуствуваа нејзини блиски пријатели а манекенката блесна во гламурозен фустан од 1200 евра.

Маја ја претставуваше Македонија на изборот на “Мис бикини Универзум” во Кина, а денес по професија е наставничка во сновното училиште „Браќа Миладиновци“

Инаку Маја повеќе од 20 години е на македонската модна сцена. Беше заштитно лице на повеќе наши брендови и беше на врвот на модните збиднувања во Македонија.

“Не се чуствувам дека наполнив 40 години. На оваа забава сакав да присуствуваат сите мои блиски пријатели и соработници, а мојата манекенска кариера уште долго време ќе ми остане хоби”, – вели Маја.