Постојат многу ситни грешки што ги правиме додека алицираме за одреден работно место на кои можеби не им обрнуваме многу внимание, а можат многу да значат. При апликација за одредено работно место не е доволно само да напишете добро CV, или да поминете добро на интервју. Внимавајте на овие неколку работи бидејќи можат негативно да влијаат врз Вашата целосна претстава пред работодавачот.

two women sitting beside table and talking

Премногу информации за Вашиот приватен живот

Понекогаш е добро да се претставите како фамилијарна и посветена личност, но не треба да претерувате. Потрудете се на интервјуто да се претставите првенствено како личност која сака да напредува во кариерата, а не како очајно да барате работа за да го прехраните семејството. Своите верски, политички ставови, хобија, задржете ги за себе. Интересот на компанијата во која конкурирате и Вашите интереси наведени во персоналната биографија треба да се компактибилни.

silver MacBook beside space gray iPhone 6 and clear drinking glass on brown wooden top

Водете сметка за граматиката!

Пишувате CV, мотивационо писмо, молба за работа – Внимавајте на граматиката и начинот на изразување. Вашите писмени поднесоци до работодавачот го даваат првиот и најважен впечаток за Вас. Доколку имате многу печатни и граматички грешки тоа за Вас ќе остави впечаток за неозбилна и некомпетентна личност.

,,Заклучете“ ги Вашите профили на Фејсбук и Инстаграм!

Многу често работодавачот, доколку се двоуми помеѓу неколку кандидати знае да ,,прочепка“ по нивните приватни профили на социјалните мрежи. На личните профили на луѓето најлесно се дознаваат многу работи за одредена личност. Затоа, Вашиот профил и сите оние фотографии и статуси што не сакате да му бидат достапни обидете се да ги сокриете за јавноста.

person using both laptop and smartphone

Немојте премногу да се „фалите“, а најмалку да лажете на интервјуто за работа!

Многу е важно на интервјуто за работа па и во Вашето професионално CV да се држите до вештните што навистина ги имате стекнато и тоа професионално, пристојно и скромно, но од друга страна бидете и полни со самодоверба. Немојте да тврдите дека имате квалификации доколку ги немате, или доколку имате искуство без квалификации наведете го.