Овој термин означува чувство на задоволство и на удобност. Со текот на времето истиов термин го наоѓа и патот до убавината. Тука Ви ги претставуваме фазите на ,,hugge“ рутината за убавина, која е идеална за зимскиот период, кога деновите ги поминуваме дома. Па зошто да не си дозволиме разубавување и чувство на задоволство и опуштеност!
Првата фаза е пилинг на кожа. Ексфолијацијата треба да биде нежна и крајно да Ве опушти. Започнете со чистење на лицето и користете кремасти пилинзи за лице. Потоа напраете пилинг и на Вашите усни.
Втората фаза ги вклучува маските за лице. Слободно користете ја ,,multimasking“ методата. Тоа значи ставете повеќе маски за лице одеднаш. Значи, нанесете ја маската за чистење во Т зоната , хранливата и кремаста маска на образите. Под очите нанесете натопени влошки, на усните балзам за усни.
Третата фаза ја вклучува негата на косата. Нанесете квалитетна маска за коса. Врзете ја косата во пунџа, ставете ќеса па турбан. Оставете да делува, па исплакнете.
Следетене на