Две големи тајни поврзани со ликот и делото на трагично починатата музичка ѕвезда Тоше Проески ги знаат само неговата екс менаџерка Љиљана Петровиќ и неговиот зет за сестра Славен Ристески.

Првата е, дека наводно се преговарало Тоше да пее со групата Квин,а втората е балада-дует со мегаѕвездата Бијонсе. Со Бијонсе веќе бил потпишан и договор, но за жал неколу месеци подоцна Тоше загинува во сообраќајка. Наши извори велат дека поп ѕвездата Бијонсе кога го слушнала гласот на нашиот славеј, веднаш  го потпишала договорот, но до ден денешен никој не го открива името и авторот на песната.