Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева со задоволство им го претставија на фановите нивниот прв – долгонајавуван албум „Пола тебе – пола мене“ (кој е целосно продукциски изработен во познатото студио Кентаур кај Маестро Roberto Pop Dimitrov во Штип), како и видео матерјалите снимени во Р. Турција.

Токму оваа промоција се случи во Micasa заедно со прекрасениот бенд Micasa band.

Поради ограниченоста на просторот и мерките во овие пандемиски услови, во конференциската сала на Micasa бројот на гости беше ограничен.

Сите присутни имаа можност да се фотографираат со Атиџе и Сузана и да го купат ЦД-то.
Како што рече Сузана, сите оние кои сакаат да и помогнат на Атиџе тоа можат да го направат сега со купување на албумот бидејќи сите пари ќе бидат донација за Атиџе