Кога имате мал стан, тешко е да го вклопите целиот мебел што Ви е потребен. Меѓутоа, да сместите се и покрај тоа да изгледа слатко, е вистински предизвик. Со овие идеи, не само што ќе имате се што Ви е потребно туку и ќе изгледа поголем.

1.Набавете мала трпезариска маса

Трпезариската маса Ви служи само за јадење. Немате потреба од огромна трпезариска маса, затоа заменете ја со мала декоративна и ослободете си дополнителен простор.

small dining room ideas

2. Врата на лизгање со стаклени прозорци или стаклени ѕидови

Вратите со стаклени прозорци овозможуваат светлината да се задржи низ целиот простор, истовремено раздвојувајќи го истиот. И уште подобро, тие се лизгаат директно во ѕидот кога не се користат, заземајќи многу помалку простор од обичните.

Друго решение за раздвојување на просторот се и стаклените ѕидови – декоративни и даваат светлина.

small space design ideas studio layout ideas

3. Заменете ја ТВ комодата со ѕидна

ТВ комодите зафаќаат огромен простор. Затоа идеално решение е да го закачите Вашиот телевизор на ѕидот, а ТВ комодата да ја замените со ѕидна.

small living room design

4.Изберете мебел со двојна намена

Парчиња мебел што се повеќенаменски се идеално решение. Изберете гарнитура или софа, што во истовреме може да се претвори во место за спиење, или наместо маса во дневната набавете коцки што истовреме ќе бидат места за седење за дополнителни гости и coffee table. Трпезариска маса што може да се претвори во работна маса и сл.

small living room ideas

5. Уредете го просторот во посветли и неутрални бои!Ставете огледала!

Неутралните и светли бои го прават просорот поголем. Исто и огледалата. Додадете и текстури за да просторот добие и малку живост.

eat-in kitchen ideas

6. Направете простор за складирање на ѕидовите.

Кога имате мал стан, многу е добро да го искористите просторот на ѕидовите за што повеќе складирање. Поставете полици околу вратата, екстра простор под клупата за седење исто така ќе ви биде добредојден. Погрижете се да ја задржите декоративноста.

living room storage ideas

7. Искористете го просторот под прозорот

Просторот под прозорците може да биде многу корисен. Наредете ги декорациите, осветлувањето и други есенцијални работи за кои би ви требало дополнителна маса.

small space storage ideas

8.Направете ѕидна работна маса

Доколку мислевте дека немате простор за домашна канцеларија, не обесхрабрувајте се! Погледнете ја следнава идеја со ѕидно биро.

wall desk ideas

9. Не изложувајте многу предмети

Ништо не го прави просторот помал од премногу изложени предмети!

white kitchen shelves

10.Искористете го максимално просторот за кабинети и плакари

Потрудете се да Вашите кујнски кабинети и плакари да бидат до плафон. Така просторот ќе изгледа поголем, а и ќе имате повеќе за складирање.

small kitchen ideas