Тед Бекам (73), таткото на познатиот фудбалер Дејвид Бекам (46), го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Хилари Мередит.

Хилари е 11 години помлада од Тед и по професија е адвокат, а како што пишува The Sun – таа е милионерка!

Она што е исто така интересно, покрај нејзината банкарска сметка, е тоа што Дејвид му бил свадбен кум на нејзиниот татко.

Церемонијата се одржа во лондонскиот храм, младоженецот облече темно сино одело, додека неговата невеста избра сатенски фустан над кој носеше блејзер од ист материјал и боја.

Младенците позираа покрај украсената новогодишна елка, заедно со нивниот кум Дејвид, а на фотографијата им се придружи и ќерката на Хилари, Шарлот.

Портпаролот на семејството Бекам ја потврди добрата вест.

– Тед и Хилари Бекам сакаат да потврдат дека се венчале во саботата на мала, приватна церемонија во Лондон, опкружени со најблиските членови на семејството, вклучувајќи ги трите деца и осумте внуци на Тед, но и мајката на Хилари и нејзините ќерки. Кум беше синот на Тед, Дејвид, а деверушите Шарлот, Франческа и Харпер, кои изгледаа прекрасно во сини кадифени фустани. По венчавката, парот отпатувал во странство на меден месец – соопштено е.

Инаку, ова е втор брак на Тед.

Во 2002 година, по 33 години брак, тој се разведе од мајката на Дејвид, Сандра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EVOKE (@evokedotie)