Имаше различни мислења на луѓето кои пишуваа дека ова е нормален начин родителите да покажат љубов кон своите деца, а, од друга страна, некои се згрозени од овој гест.

Дејвид Бекам (46) сподели снимка од попладневната прошетка со ќерката Харпер Севен (10) и предизвика бројни реакции во јавноста.

Поранешниот фудбалер ја бакнува својата ќерка во уста на една од фотографиите кои ги сподели на Инстаграм, а која на многумина им „затвори“ очи.

– Тато и принцезата имаа прекрасна прошетка утрово – напиша Бекам во описот на објавата, а на критиките на неговите придружници им немаше крај.

“Таа е веќе голема и време е да престане да ја бакнува во уста. Изгледа лошо”, “Ајде луѓе, Викторија нека му каже да не го прави ова”, “Се плашам од тоа што го прават. Во ред е да споделете колку ја сака ќерка си, но малку претерал „, Фрик „, Навистина е доста сега“, се дел од коментарите

Погледнете ги фотографиите на неговиот инстаграм профил

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)