Откако дојде на директорската фотеља на скопската Зоо градина,Ѓорги Галетановски стана омилен лик меѓу скопјани.Од руинирана зоолошка градина,за која пишуваше светот,од кафези кои повеќе личеа на мачилишта за животните,Галетановски успеа за кусо време да направи рај среде Скопје.Денес оваа мала оаза на егзотични билки и животни е гордост на Град Скопје.Освен рекострукција на живеалиштата на животните кои доаѓаат од разни краишта во светот, последните две години, во скопската Зоо, донесени се повеќе видови на животни, како жирафите,шимпанзата,фламингата и пингвините кои за кусо време стана миленици на посетителите.Денес, нема веќе хранење на животните,малтретирање од страна на несовесни посетители,ниту фрлање на отпадоци. Скопјани коментираат дека на директорот Галетановски и на неговиот лојален тим,треба да се прогласат херои за спас на животните кои денес уживаат во зоолошката градина која впрочем е и нивни достоен дом.
Директорот на скопска Зоо ,да се прогласи за херој

Следетене на