Диџеј Панчо со интересна фотка му го честиташе пензионирањето на нашиот фудбалски ас Горан Пандев. Еве што јавно му напиша Панчо-“Еден од најдобрите и дефинитивно најуспешен македонски фудбалери го соопшти неговото пензионирање од најбитната споредна работа на светот, фудбалот. Капитену, фала ти за секоја минута изиграна на зелениот терен и за секое задоволство и радост кое несебично ни го даваше. Дефинитивно пример на спортист и човек од кои сите ние треба да учиме како се сака и почитува сопствената држава.
Од срце ти посакуваме успех и среќа на секое поле понатаму во животот и пред се многу здравје.
GRANDE, фала ти за се. 🙏❤️🇲🇰🙏❤️🇲🇰