Доколку Вашата коса е слаба и склона кон опаѓање тогаш обидете се да го подготвите следниов тоник со рузмарин. Рузмаринот е билка која е најдобар пријател со Вашата коса. Зошто? Затоа што оваа билка е богата со една инзвонредна супстанца – урзолинска киселина, која активно ја стимулира циркулацијата на крв, што значи дека повеќе кислород, витамини и хранливи материи допираат до коренот на косата, а тоа секако допринесува до растење на нови и јаки влакна. Рузмаринот ќе ја регенерира Вашата коса со нов сјај, еластичност и цврстина. Заради своето антисептичко, антифунгално, противвоспалително својство, рузмаринот ќе ја оздрави и кожата на главата, па така го спречува прекумерното опаѓање.

woman standing near body of water during daytime

За да припремите домашен лосион за коса со рузмарин ќе Ви биде потребно:

3 кафени лажички сув рузмарин или 3 гранки свеж

1 кесичка зелен чај или 1 кафена лажичка сув

1-2 цм парче свеж ѓумбир

350 мл вода

шише за распрскување

closeup photo of purple petaled flowers

Во тенџере загрејте 350 мл вода, ставете го зелениот чај, рузмаринот и исецканиот или крупно изрендан ѓумбир. Оставете да зоврие намалете го шпоретот и оставете да се вари 5 минути на тивко. Тргнете од оган и држете го поклопено се додека не се излади. Процедете и истурете го во шишето за распрскување.

Секоја вечер пред спиење нанесувајте од тоникот, раздвојувајќи ја косата, распрскајте во коренот. Втријте го во коренот на косата со врвовите на прстите. Не го измивајте и потрудете се да го истрошите во текот на неделата, бидејќи може да се чува само недела дена во фрижидер.

green leaves and clear liquid inside teapot

Како што можете да забележите тоникот освен рузмарин, содржи и зелен чај и ѓумбир. Зелениот чај содржи кофеин кој ја зголемува микроциркулацијата на кожата на главата и го инхибира хормонот ДХТ, кој ја предизвикува ќелавоста. Ѓумбирот го намалува првутот и чешањето и ја снабдува косата со потребните витамини и минерали, ја одржава влажноста  ја прави јака. Оваа идеална комбинација ќе го спречи опаѓањето и ќе го поттикне растот на косата. Овој домашно припремен тоник може да го користите и за кадрава и за рамна коса.

woman posing wearing black top

 

Извор: zenskikutak.rs