Американски турист од Калифорнија запросил на работното место девојка која работи во елитниот ресторан „Микаса“ на Кале. Девојката која работи како келнерка во ресторанот се изненадила од овој чин на американскиот турист кој неколку дена бил гостин во „Микаса“.

Очевидци велат дека убавата Пепи, инаку миленичка во ресторанот, се шокирала од понудата за брак, а американецот кога сфатил дека од бракот нема ништо, ја почастил со банкнота од 500 евра. Од менаџменот на „Микаса“ велат дека не ја даваат тука така нивната миленичка, што поради убавината, што поради нејзината префесионалност.

-Мајка и може и ќе ја даде, но ние не си ја даваме, велат од „Микаса“. Инаку овде деновиве поради празниците што доаѓаат врие од странци кои сакаат да уживаат во храната на Хабиб шеф и неговиот тим. А токму тука ќе ве пречека убавата Пепи со насмевка од милион долари.