Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ во полиција потврдил дека дошло до кавга меѓу него и неговата сопруга Јелена Карлеуша, но рекол дека немало насилство, пишува „Курир“.

Како што открива изворот на Курир, Тошиќ на инспекторите во полициската станица Савски венац, каде што дал изјава, им рекол дека е шокиран бидејќи Јелена пријавила такво нешто во полиција.

-Се каравме, шокиран сум, не разбирам што ми се случи – наводно рекол Душко Тошиќ, кому полицијата во следните 48 часа му забранила да и се приближи на сопругата.