Жените во 30тите носеле фустани и кратка боб фризура. Влошките на рамената биле многу важен детал, а шминката задолжителна, особено црвениот кармин. Шапките и крзното исто така се дел од модата во овој период. Еднобојни или цветни материјали го отсликуваат овој период. 30тите се препознатливи по гламурозните и елегантни комбинации.
Кај мажите во овој период тренд се елегантните класични костими, и федора шапки.

Сликата е превземена од Pinterest.
Во 60тите доаѓа до револуционерно кршење на модните норми и традиции. Смели бои, впечатливи кроеви, големи јаки, копчиња. Хипи изгледот го доловува уметничкиот и забавен дух на тој период. Мали чанти со кратки рачки, панталони со висок струк, лак, нежно потстрижена фризура. Светли бои како што се портокаловата, виолетова, сина, жолта и зелена го отлсикуваат овој период. Здолништа и фустани со должина малку над колена или рамно до колена.

Сликата е превземена од Pinterest.
Џинсот, кадифе, кожа, разнобојни блејзери го отсликуваат периодот на 9отите. Футуристички изглед со патентна кожа и најлон облека. Несекојдневни форми на очила за сонце, полка точки, високи јаки, карирани блејзери и здолништа. Здолништата по кои беше препознатлива и принцезата Дајана се хит тренд за овој период. Леопард принтот својот најголем подвиг го достигна во овој период, се наоѓаше насекаде на шапки, чанти, капути. Сигурно ги паметите и џинс комбензионите кои ги носеа и децата и возрасните.

Сликата е превзмена од Pinterest
Модата во 2000тата година вклучуваше лесна и едноставна облека. Тексасот беше хит и кај мажите и кај жените, се носеа кошули од тексас, јакни, здолништа. Дукс, кратки маички, чевли со платформа или шпиц штикли. Капите беа тренд овој период како и целосните комбинизони. Фармерки со низок струк без џебови или везени со акцесоари.
Модата во сегашната 2019 година ја отсликуваат леопард принтови, долги машки сакоа, пуфкасти раменици на блузи, карирани костуми, опуштени и недефинирани кроеви.
Следетене на