Доживување кое за момент ќе те телепортира до американската кујна.
Ќе заборавиш како е да мавташ по келнерот, да бараш уште една чаша вода или да ти зафали било што… Услугата е толку врвна што буквално ќе им јадеш од рака и нема да можеш да кажеш „не, фала.“
Што ќе откриеш по една вечерa во MiCasa?
Локацијата и погледот се најдобрите во Скопје. Подобри нема да најдеш.
Просторот, понудата и услугата се доживување кое не се наоѓа на друго место.
Единствено таму месото е зреено 28 дена, во посебни фрижидери, и не смее да се допре ден порано.
Може да се резервира парче месо, од 27-те видови кои се нудат, со име, презиме и точен датум кога последен пат било допрено и пресечено, исклучиво за тебе и твоите гости.
Месото е главната состојка на специјалитетите и му се посветува големо внимание.
За бифтекот Кобе на пример, потребни се 20 дена подготовка. Сѐ започнува со одгледување на месото со музика од Моцарт. Во процесот се вклучени и посебни масажи, похранување со пиво и исклучително високи стандарди за чување. Воедно, тоа е и најскапото парче месо кое ќе го пробаш.
Главниот готвач – Омер, учел и работел со светски прочуениот Salt Bae, во неговите ресторани NusrEt. Сега целото шоу кое го научил, го носи во Скопје.
Шеф Омер прави спектакл и на приватни забави.
Следетене на