Во период на глобално загадување, се повеќе потрошувачи се заинтересирани за потеклото на производот што го купуваат. Еко дизајнот ја промовира заштитата на животната средина и социјалната одгворност. Што вклучуваат еко дизајните?
- Ја намалуваат количината на миро влакната ослободени во околината.
- Го намалува токсичниот отпад.
- Се грижи за правата на животните.
- Облеката е посебна и уникатна.
- Доведува до помало оптоварување на природните ресурси.
- Еколошката мода не може да Ви наштети.
Овие дизајнери не само што креираат уникатни парчиња облека што ќе ви траат со години, туку ја разубавуваат модната писта со иновативни текстил пронајдоци.
Стела Мекартни
Кога се зборува за „Eco-friendly“ мода, оваа дизајнерка е првото нешто што ни доаѓа на ум. Од отварањето на нејзината модна куќа во 2001 година, таа е прва која започна со призводство на еколошка мода. Материјалите што таа го користи вклучуваат органски памук, природна волна, рециклиран текстил. Не користи крзно и кожа.
Таа на Моната недела во Париз се претстави со дизајни од нејзината нова колекција именувана како „Таму таа расте“ со која се обидува да ги заштити загрозените шуми.
Еилен Фишер
Оваа еко дизајнерка е одлучна да стави крај на линерниот модел на изработка што го користат повеќе брендови. Таа своите уникатни креации ги изработува од рециклиран текстил, стара исфрлена облека. Резултат се преубави, уникатни и нови еколошки парчиња.
Фишер има отидено и чекор подалеку со создавање на оддел во рамките на нејзината компанија кој е посветен за социјалната свест, заштита на човековите права.
Вивиен Вествуд
Оваа британска дизајнерка се води по мотото ,,Купете нешто добро, нешто што ќе трае“. Оваа дизајнерка ја внесе модерната панк мода во еколошките кругови. Таа исто така е загрижена за влијанието на индустријата врз климатските промени. Дури организираше и климатски револуции. Таа произведува гардероба која е 100% органска.
Мара Хофман
Оваа дизајнерка изработува дури и костими за капење од стара и износена облека. Користи регенерирано најлонско влакно направено од отпад и полиестерско влакно направено од рециклирана пластика. Мара Хофман користи коноп , како и органски памук, лен, етичка волна од алпака. Исто така оваа дизајнерка многу внимава пакувањето на производите да биде исто така еколошки.
Кејти Џонс
Кејти е еко-пријателски дизајнер на трикотажа со седиште во Велика Британија, чии дизајни вклучуваат игра со естетика и сериозна етика. Таа практично се води по визијата на нејзината баба да направи нешто убаво „од ништо“. Нејзините дизајни го претставуваат проблемот на прекумерно купување на гардероба и фрлањето во отпад.
Џон Патрик
Интересен факт за овој дизајнер е што се преселил во магацин, во кој истражувал за органскиот памук и органските материјали. Тој одржува постојана врска со органски плантажи со памук од каде набавува материјал. Неговите материјали се биоразградливи.
Во оваа група на еко дизајнери ги сместуваме и Спенсер Фибс, Стеф Габриел – кој изработува еколошки костуми за капење, Кери Слатер, Rag & Bone, DÔEN.
Следетене на