Велешанецот Душан Пауновски (25) е првиот македонец кој отвори профил на платформата „Onlyfans“. Душан е активен на социјалните мрежи а посебно на Инстаграм каде објавува интересни фотки и видеа. Ова харизматично момче вели дека славата ја стекнал преку популарниот  „Тик-Ток“.

-„Не се чувствувам дека сум славен и мислам дека има разлика помеѓу славен и популарен, а популарноста ја стекнав преку моите видеа на Тик-Ток“ вели за нашиот портал Душан Пауновски.

Покрај тоа што редовно снимаше на Тик-Ток, а сега ја подзаборави таа апликација, па активен си на Инстаграм со тоа што учествуваше досега во две познати драми од која едната беше со Борис Сторис а втората со инфлуенсерот Манов, како се справи со сето ова ?

-Јас по природа не сум човек што сака да влегува во конфликти, но кога сум предизвикан не можам да премолчам. Може да се каже дека во втората драма се снајдов подобро отколку во првата, искуство (се смее)

Се збори дека одамна имаш onlyfans  профил но наменет само за странска публика, која беше причината што го криеше од  македонските следбеници?

-Не сум имал онлифенс за странци. Денот кога го отворив го објавив на мојот инстаграм профил. Не ја гледам причината ако се занимаваш со тоа дека треба да се криеш бидејќи колку и да се криеш на крај се дознава, а впрочем сум и многу транспарентен за се што правам во животов.

Од каде идеата за onlyfans ?

-За онлифенс дознав уште на почетокот на 2020 година и ме заинтересира, стана дел од онлајн култура и многу прифатен со оглед на тоа што многу светски фаци имаат свои профили, меѓу кои и Tyga и Cardi B

Дали твојот финансиски живот се подобри откако почна да го промовираш onlyfans профилот на твојот Инстаграм профил.

-Па искрено не можам да речам дека беше лошо и пред онлифенс но секако дека сега е подобро со оглед на тоа дека на онлифанс се заработуваат МНОГУ пари, особено за наши стандарди.

Како реагираа вашите најблиски откако дознаа дека се сликате голи ?

-Јас и моите најблиски живееме во 21 век

Се збори дека откако ги виделе голите фотографии, почнале и скапите понуди за една ноќ ?

-Па не можам да кажам дека не добивам понуди секојдневно, од стотици па до илјадници евра.  Ми пишуваат и мажи и жени aма јас работам само онлајн (се смее)

За крај што ќе им кажете на вашитe обожаватели а што на вашите хејтери ?

-Па на обожавателите ќе им кажам фала на се што прават за мене, а на хејтерите ќе им препорачам да се претплатат на мојот онлифенс профил бидејќи се гледа дека им фали к*р во животот.