Оливера Цирковиќ од Белград со години беше една од најбараните жени во светот на мафијашите и криминалните групи кој лудуваа низ центрите во Европа.Таа беше водич на озогласената и нај моќна криминална банда Пинк Пантер.По нејзиното бегство како на филм од затворот во Атина, Оливера решава да напише книга за нејзиниот живот како најозогласен криминалец на Балканот. Досега има издадено три изданија на книгата “ Јас,Пинк Пантер“ која денес е преведена на неколку јазика па и на македонски.Интервјуто со Оливера го направивме во модното студио “ Дајмонт бјути“ во скопската населба Аеродром.
Морам да ти признаам дека очекував жена-маж, а пред мене стои вистинска дама.Кој би рекол дека сте биле страв и трепет на богатите трговци..
( Се смее).Ти благодарам на комплиментот.Јас сум сепак жена која сака да се средува,тоа е мој лајфстајл.Сакам пред се, за себе да сум убава,после за светот.
Како е да бидеш на врвот на толку моќна организација како што беше Пинк Пантер.Во свет на мафијаши и крадци,односно во машкит свет, имаше ли место за една жена?
Бев опкрушена со моќни мажи на кои им требаше само умот на криминална жена. Лесно е да се разбереш со мажи кои размислуваат како тебе,односно да сте на иста фрекфенција.Тие ме обожаваа, јас ги сакав како семејство.Посилни бевме заедно.Но моето лидерство не беше преку ноќ.Се одеше спонтано и со памет.Заедно имавме многу тешки операции,многу успешни плачки, од дијаманти, до ролекси и до скапа брендирана гардероба, луксузни автомобили.За се тоа требаше силна организација,а јас тоа го правев најдобро.
Кое е најскапото парче што си го држела во раце?
Одлично прашање на кое не сум размисливала до сега.Дијаманти или ролекс, всушност многу нешта. Кога одевме во акција, за себе го оставав најдоброто.( се смее).
Ја издаде и третата книга. Станаа писател, како ти оди со продажбата?
Мојот бурен живот е инетерсен за младите генерации.Мене ми е лесно моето искуство да им го пренесам на читателите за да разберат каков е животот на еден криминалец.Книгата е многу читана и овде во Македонија каде имам многу мои фанови.
Следетене на