Најпознатиот светски готвач Нусрет Ет на покана на сопственикот на елитниот скопски ресторан “ Аустриан Палас“ Мујо Лама ќе дојде во Скопје. Ова ни го потврди сопственикот на ресторанот кој пријателска средба со Нусрет Ет оствари во Истанбул.
-“ Ние се познаваме подолго време и се сретнавме во Истанбул.Поразговаравме за бизнисите околу рестораните и гурманството.Нусрет посака да го посети Скопје и нашиот ресторан, па и да приготви некоја интересна храна. Тој е секогаш расположен за готвење“, вели Лама.
Инаку легендарниот готвач Нусрет Ет се прослави готвејки им на многу познати светски личности од Ријана, Дејвид Бекам и многу други.Има сопствен ланец на ресторани, а најпопуларен е оној во Дубаи.
Следетене на