Струмичанецот Драган Гоцев веќе 7 години и е личен стилист на Зорица Заева сопругата на премиерот Зоран Заев. Во неговото студио за убавина “ Дац“ доаѓа целата фамилија Заеви, но како што ни рече тој, Зорица му е вистински предизвик за шминка и фризура.
-“ Таа е вистинска дама која ги сака едноставните линии кога се работи за фризурите. Црната боја на косата одлично и прилега на тенот и не би ја менувале.Таа боја е боја на силните жени,а таква е и Заева. Таа има преубаво лице и нема потреба од многу мејкап.Ги следи трендовите и сака да експериментира со шминката.Посебно е убава кога ќе ставиме црвен кармин, вели стилистот Драган екслузивно за нашиот портал.
Тој вели дека Зорица Заева сака да ги слуша неговите модни совети и дека досега не направиле никаква модна утка.
Следетене на