Екс мис на Македонија Цеце Орешкова-Георгиев  ја остави модната писта и мус е посвети на јавањето,нејзина најголема љубов. Неодамна таа беше на Меѓународен натпревар во јавање и го освои второто место.Еве што Цеце напиша на својот Фб.

-Покрај сите подеми кои ме следеа од почетокот на јавачката сезона конечно успеав да го подигнам знамето на победа и да се радувам на девет успешно завршени паркури и едно второ место на меѓународните турнири во Загреб и Осијек…Прво ќе му се заблагодарам на Чарли , на ова четириножно суштество што уште еднаш ми покажа дека е мој најверен другар и никогаш нема да ме остави на цедило и дека кога е најтешко човек не треба да го изгуби еланот за остварување на своите соништа…Потоа ќе им кажам Благодарам на Јордан Јарчевски и Зоран Јовановиќ кои секогаш со трпение работеа со мене и Чарли и никогаш не се посомневаа во нашиот талент…. И на крај ќе им кажам Благодарам на неколку вистински човечки срца кои во ниеден момент не ме оставија сама и беа покрај мене. Без да ги именувам знам дека ќе се насмевнат и ќе знаат дека ова се однесува на нив… и Да , Вистина е дека има пријатели кои се повеќе од семејство ❤️🐴 ❤️