Поп пејачката и кралица на ноќните свирки Елена Петреска на 13 мај со својот бенд ќе настапи во популарната „МиКаса“ на скопско Кале. Забавата ќе започне во 20.оо часот. Елена ќе ја започне официјално и музичата сезона во „МиКаса“.Од менаџментот велат дека овде цело лето ќе гостуваат звучни домашни и странски музички имиња, но не откриваат детали. Елена Петреска важи за една од експонираните музички имиња кога се во прашање ноќните забави во Скопје и пошироко. Интересно е што на забавата ќе има промоција на храната со неограничено јадење под  мотото „Stop and Go“ што значи дека гостите ќе можат да ги пробаат специјалитетеите на Шеф Хабип и неговиот тим од Истанбул.