Скопјанката Елеонора Миљковиќ, јавноста ја запозна уште кога влезе во реалното шоу “Задруга“ на ТВ Пинк. Нашата убавица поради здраствени причини по кратко време го напушти шоуто, но по кусата пауза повторно им се врати на ТВ екраните.

Македонското девојче ни го обели образот пред широкиот аудиториум и набрзо стана една од најбараните наши модели и инфлуенсерки. Нора ексклузивно за нашиот портал вели дека стилот на облекување го менува во зависност од разположението. Оваа млада девојка ја истакнува женстевноста и сексапилот. Знае како да ги искомбинира парчињата гардероба, па така може да ја видите во спортска, елегантна и секси варијанта. И никогаш нема модна грешка.