Ако ви е потребно брзо слабеење ова е идеалната диета за Вас. Со неа не само што ќе ги намалите килограмите туку и ќе се чувствувате одлично и полни со енергија. Оваа диета се базира на исхрана исклучиво со овошје и зеленчук. Испробајте ја…
Прв ден:
Појадок: Измешајте: 1 печено јаболко, 1 лажица овесни снегулкиа, 1 чаша природен јогурт и 1/2 лажица цимет.
Ручек: Варете 1/2 литар вода со 1 лажица ориз. Додадете го исецканиот зеленчук и варете околу 20 минути. Зачинете со сол, бибер и ѓумбир.
Вечера: Измешајте 1 чаша сок од домати, 1 стебленце целер и 1 чешне лук. Зачинете со сол и сушени билки.
Втор ден
Коктел за појадок: Измешајте 1 чаша овошје (боровинки, малини или јагоди), 1 лажица просо(предходно киснето во вода и сварено) и 1/2 чаша кефир.
За ручек подгответе печен зеленчук: 1/4 целер и карфиол, посолете и зачинете со 1 лажица маслиново масло и печете на 200 ° C да добие кафеава боја. Истурете 1 чаша вода, додадете го исецканиот кромид,магдонос, и варете додека не омекне. Измешајте и зачинете со чили, мелен пипер.
Вечера: Салата од 1 мала зелена краставица, спанаќ, 1 лажица ореви, 1 чешне лук и 1 чаша вода. Зачинете по вкус.
Трети ден
Појадок: Измешајте: 1/2 чаша јогурт, 1 зрела круша, 1 праска и 1 лажица ленено семе.
Супа од домати: Исечете 1 мал морков, 1/2 магдонос и 1/2 мал кромид. Истурете во зеленчукот 1 чаша доматно пире, додадете 1 чешне лук и варете додека не биде меко. Зачинете по вкус со бибер и омилени свежи билки. Измешајте го со пола чаша јогурт.
Вечера: Измешајте 1 сецкано јаболко, 1 печено цвекло и 1 лажица снегулки. Додадете и сок од лимон.
Пијте зелен или растителен чај или минерална вода помеѓу оброците.
Следетене на