Оризот е намирница која јапонските жени уште од древниот период ја користеле токму за разубавување. Веќе ни е познато дека оризот има огромни здравствени предности, а сега Ви ги откриваме и неговите придобивки врз Вашата кожа. Тој темелно ќе ја исчисти Вашата кожа, навлегувајќи во порите, ќе ја избели и направи мазна и нежна. Оризот содржи линоленска киселина, која претставува моќен антиоксиданс кој произведува колаген, на тој начин употребата на оваа маска со ориз ќе ги намали и брчките, а ќе Ве заштити и од сонцето.
За да ја направите маската ќе Ви биде потребно:
– 3 лажици ориз;
– 1 лажица млеко
-1 лажица органски мед
-1 шоља вода
Во водата варете го оризот на средна температура додека не омекне добро. Потоа кога ќе се излади, процедете го. Додадете го медот и млекото и добро промешајте. Кога маската ќе биде готова и добро изладена нанесете ја на лицето и оставете ја да стои околу 15 минути. Потоа измијте ја. Овој третман применувајте го еднаш седмично.
Следетене на