Жељко Митровиќ проговори откако сцените од интимната врска меѓу Дениз Дејм и Стефан Михиќ беа емитувани во живо на ТВ Пинк, без никаква цензура.

– Снимката помина случајно, но во рокот што го дозволува законот. Можеме да кажеме дека режисерот згрешил затоа што ја објавил снимката во живо, но во термин што го дозволува законот – изјави Митровиќ за Данас.

Тој додаде дека експлицитни сцени на националните телевизии се случуваат „првенствено и во американските програми на другите телевизии“.

Сепак, точно е дека овие сцени се емитувани два часа по полноќ.